• 21.04.2021 00:19

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Австриската полиција пронајде поврзаност помеѓу напаѓачот од Виена и ИСИЛ

BySarissa Editor

Nov 6, 2020

Австриската полиција, по неодамнешниот напад во Виена, ја отплеткува исламистичката мрежа и до сега уапсила 14 лица блиски со младиот терорист.

По стравичниот терористички напад во Виена во кој дваесет годишниот Кујтим Фејзулаи уби четворица недолжни минувачи и рани повеќе од 20 лица меѓу кои е и еден полицаец, австриската полиција интензивно се обидува да ја разбие исламистичката мрежа со која напаѓачот бил поврзан.

Специјалната полициска единица го усмрти напаѓачот истата вечер, а потоа по цела Виена тргна во потрага по можните соучесници. Врз основа на досегашните собрани податоци, а посебно по анализите на видеоматеријалите снимени во текот на нападот, полицијата тргнува од тоа дека нема директни соучесници. Но, уверени се дека терористот имал помагачи кои знаеле за неговиот план и соработувале со него во подготовките за нападот.

Австриската полиција има воспоставено соработка со колеги од други држави, а само во Австрија се спроведени претреси на најмалку 18 објекти при што се уапсени 14 лица од опкружувањето на напаѓачот, од кои најмногу во Виена. Меѓу нив се и две лица кои со напаѓачот биле во комуникација на денот на нападот.

Еден од нив е осуден 2019 година заедно со Фејзулаи бидејќи сакал да се придружи на ИСИЛ. Покрај тоа, двете лица се уапсени во швајцарскиот Винтертхур. Наводно биле во блиски односи со напаѓачот со кој се среќавале. Според австриски медиуми, истражителите трагаат по уште четири лица кои се доведуваат во поврзаност со терористичкиот напад. Наводно се работи за двајца државјани на Македонија родени во Австрија, при што се располага со имињата Аргент Г. и Узеир А., како и за две лица од Косово.

Според локалните медиуми, полицијата и тајната служба знаеле дека Фејзулаи летово пробал да набави оружје во Словачка, но за тоа не го известиле обвинителството.