• 04.08.2021 11:25

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Автономни системи за оружје: Прагматичен пристап кон новонастанатата способност за војување

Потенцијалните придобивки и предности на АСО се доволно значајни што меѓународниот консензус за забрана е неодржлив долгорочно и, слично на забраната за воздушно бомбардирање од 1899 година, може да биде контрапродуктивно. Одговорниот развој и вклучувањето на овие системи бара дисциплиниран и аргументиран пристап кон нивниот развојот, како и промени во националното законодавство, националните политики и меѓународното право што можат да ги следат државите членки на НАТО и нејзините партнери за да обезбедат одговорност во случај на воени злосторства.

138 Нации мора да бараат АСО да се усогласат со стандардниот закон за оружје.

Следно, основната архитектура на софтверот, без оглед на платформата и можностите на АСО, мора да има слични атрибути, безбедни во случај на неуспех, вклучувајќи стандардно ограничување, откажување на мисијата и / или самоуништување. Покрај оваа архитектура, специфичните мерки за контрола на системот за оружје треба дополнително да промовираат усогласеност со LOAC(Law of Armed Conflict), како што се пред-програмирани кутии за маневри, временски ограничувања, како и ограничувања на носивоста.

Прописите и законите на меѓународно правно мора да го криминализираат употребувањето на АСО надвор од валидните параметри на самиот дизајн. Сите овие мерки можат да се имплементираат од една страна – САД, но исто така зрели се за меѓународно разгледување, необврзувачки упатства и / или регулатива.

Предложената законска рамка за АСО ја признава нивната неизбежност и потенцијалните придобивки од оваа технологија. Истата, обезбедува усогласеност со меѓународното право и поттикнува развој на одговорно АСО без задушување на иновациите. Што е најважно, овој предлог има потенцијал да добие и домашна и меѓународна поддршка бидејќи ги надополнува долгогодишните принципи на војна кои веќе уживаат скоро универзална поддршка.