• 20.04.2021 17:19

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Адреса во Софија регистрирана како „живеалиште“ на илјадници Македонци со бугарски пасоши

BySarissa Editor

Mar 5, 2021

Адресата на улица „Леге“ број 6 во софиската општина Средец е регистрирана како „живеалиште“ на десетици илјади бугарски државјани по потекло од странство, меѓу кои најголем број се Македонци кои поседуваат државјанство на Бугарија, објави БГНЕС.

Локацијата се наоѓа во општината Средец, а градоначалникот Трајчо Трајков објасни дека тоа е така бидејќи, според законот, оние кои се стекнале со бугарско државјанство и живеат во друга земја, добиле постојана адреса, како што вели, „Кај него во зградата на окружната администрација“, во случајов Средец. Според последните податоци тие жители на таа адреса се веќе над 82.000.

-Огромниот број од тие луѓе на списокот се со имиња и презимиња кои имаат македонски презимиња, а кои го добиле бугарското државјанство врз основа на докажано бугарско потекло, -Трајко Трајков.

Во Бугарија е во пресрет на парламентарни избори, па градоначалникот Трајков додадава дека овие луѓе често користат административни услуги во областа, но дека нивните гласачки ливчиња веројатно ќе останат недопрени, како што било и до сега.

Поврзано со овој случај го контактиравме министерството за надворешни работи, но од таму не информираа дека во текот на денот, преку прес-конференција ќе споделат повеќе информации.

Според процедурата за добивање на бугарско државјанство и пасош, барателот мора да пријави адреса во Бугарија. Според податоците на бугарското министерство за правда, во последниве десет години, 66.000 македонци се стекнале со бугарско државјанство.