• 11.04.2021 11:20

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Алкалоид регистрирала ново друштво во Велика Британија

ByHristijan Risteski

Feb 10, 2021

Компанијата Алкалоид соопшти дека регистрирала ново друштво во Велика Британија, под називот Алкалоид UK Limited, кое е во 100 процентна сопственост на Алкалоид Скопје. Имено, поради излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот во Скопје донел одлука за отворање ново друштво за да се зајакнат постојните позиции на пазарот. Алкалоид е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи, а само лани реализираната продажба изнесувала 313 милиони денари.