• 03.08.2021 23:01

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Анализа на Сашо Петковски – „Парламентарни избори Казахстан 2021“

BySarissa Editor

Jan 11, 2021
Сашо Петковски

Во Казахстан се одржаа законодавни избори на 10 јануари 2021 година за избор на членови на Собранието. Ова беа 8-мите демократски избори во историјата на Казахстан од неговата независност.  Собранието има 107 места и се состои од 98 членови избрани од една изборна единица на национално ниво со пропорционална застапеност и девет места избрани од Собранието на народот, тело избрано од Претседателот.  

На изборите во 2021 година, Казахстан воведе бројни мерки насочени кон демократизација и зголемување на транспарентноста на изборниот систем и процедурите на земјата. Овие мерки вклучуваат налагање на законодавна кодификација на парламентарна опозиција, задолжителна квота од 30% на жени и млади на списоците на изборните партии и олеснување на регулативите и ограничувањата за создавање на политички партии. Изборниот праг за политичките партии беше намален од 40 000 членови на партијата на 20 000 членови на партијата.

На 21 октомври 2020 година, претседателот Токаев го потпиша указот за одредување датум за утврдување на законодавните избори што се одржаа на 10 јануари 2021 година, во кој се истакнува дека составот на Парламентот ќе се фокусира на „квалитетна законска поддршка за социјалните и економските реформи во земјата.

На 14 октомври 2020 година, на брифинг, министерот за здравство Алексеј Цои ја отфрли можноста претстојните парламентарни избори да се одржат на Интернет поради пандемијата КОВИД-19 во земјата, велејќи дека Министерството за здравство е одговорно за безбедноста. Набргу по изјавите дадени од Цои, во земјата беше покрената петиција против далечинско гласање кое беше критикувано дека не ја гарантира тајноста на гласањето што би создало можности за разни манипулации и повреди.

На 22 октомври, претседателот на Централната изборна комисија Берик Имашев објави дека изборите нема да се одржат преку Интернет, истакнувајќи дека постојниот закон не дава можност гласањето да се одржи од далечина и наместо тоа ќе се одржи под строги санитарни упатства.

До денеска во Казакстан има регистрирано само 6 политички партии, од кои само 3 имаат свои претставници во законодавниот дом. На овие избори листи за претставници имаат поднесено само 5 партии. Најголемата Нур Отан на Нурлан Нигматулин, која победува од 1999 до денес, Комунистичката која е втора по големина, Народната демократска аграрна партија – центално левата земјоделска партија, Ак Зол – демократската партија чија идеологија е либерализмот и АДАЛ – Казахстанската партија на зелените.

На минатите избори во 2016 година владеачката Нур Отан победи со убедливи 82% од вкупните гласови.Овие избори нивниот рејтинг е намален за разлика од минатите, но сепак е доволно висок и според Astana Zertteu, Nur, PORI и IEI изнесува 73%. За второто место ќе има битка помеѓу комунистите и либералите кои имаат идентичен рејтинг од 8 до 10% од вкупните гласови. Останатите партии имаат рејтинг под 4% и најверојатно повторно нема да бидат дел од законодавниот дом на Казахстан.

Институтот за конзервативни политики – Сариса, со своите анализи предвидува дека актуелната Нур Отан повторно ќе победи со 80% од гласовите, додека комунистите и либералите како и досега ќе бидат останатите партии со претставници во парламентот со незначителен број на претставници. Во скоро време ги очекуваме и официјалните резултати од парламентарните избори во Казахстан.