• 20.04.2021 16:59

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Ангеловски: Ќе играме на победа, секој позитивен резултат ќе не однесе во Б-Лигата

BySarissa Editor

Nov 18, 2020

Македонската фудбалска репрезентација вечер од 18 часот и гостува на Ерменија во последното коло од втората група Ц-дивизија во Лигата на Нации.

Дуелот ќе се одигра во Никозија на Кипар поради воената состојба во Ерменија.

Селекторот Игор Ангеловски најави игра без калкулации, иако на неговите избраници им одговара и нерешено за освојување на првото место и пласман во Б-дивизијата.

– Не сум селектор кој калкулира, па на нерешено и не знам да играм, тоа ми е мана, ќе играме на победа, имаме одлични избор, тука не се да пополнат место, играме натпревар кој ни значи, секој позитивен резултат ќе нè однесе во Б-Лигата, тоа е приоритет. Ќе го извадам максимумот од играчите за да победиме, изјави Ангеловски.