• 21.04.2021 23:29

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Армин Лашет е новиот лидер на партијата ЦДУ

BySarissa Editor

Jan 16, 2021

Актуелниот премиер на германската провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет е избран за претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Лашет е избран за наследник на германската канцеларка Ангела Меркел, која 16 години беше на чело на ЦДУ.

Собранието на ЦДУ што требаше да се одржи во декември, беше одложено поради епидемиолошката состојба во земјата. Денешното Собрание се одржува во дигитална форма.

Претенденти за лидерското место беа поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген и шефот на парламентарната група на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц.

Во првиот круг на гласање, никој од кандидатите не го добил потребното апсолутно мнозинство гласови. Ротген бил елиминиран, Мерц и Лашет преминале во вториот круг. Мец добил 385 гласа, Лашет 380, а Роберт Ретген 224.

Според генералниот секретар на ЦДУ Пол Зиемјак, во вториот круг биле дадени 991 глас. Лашет доби 521 глас, а 466 делегати гласаа за Мерц. Четворица биле воздржани.