• 21.04.2021 00:17

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

„АстраЗенека скрила 30 милиони дози вакцини во Италија“

Италијанските власти, во рамките на истрага што ја покрена Европската комисија, во италијанската фабрика „Каталент анањи“ открија огромна количина дози на вакцината АстраЗенека, информира весникот „Ла Стампа“ додавајќи дека вакцините биле подготвени за транспорт до Велика Британија.

Во Италија, значи, постои вакцина за која се борат ЕУ и Велика Британија, коментира весникот. Оваа количина вакцини е исклучително важна и за ЕУ и за Велика Британија. Што се однесува до Европската унија, ова е двојно повеќе отколку што цела Европска унија досега има добиено од АстраЗенека, додека за Британците тоа значи гаранција дека скоро 15 милиони граѓани ќе добијат втора доза од вакцината.

Според „Ајриш Тајмс“, се работи за вакцини произведени во холандска фабрика кои завршиле во Италија.

– АстраЗенека има договор и со Европската унија и со Велика Британија, па прашање е кого е испочитува со овие дози, коментира весникот.

Како што наведува „Ајриш Тајмс“, меѓу Брисел и Лондон имало многу телефонски повици за судбината на тие дози. Во исто време, Европската унија изработува предлози за засилување на контролата врз извозот на вакцини, во обид да се присили АстраЗенека да испорача повеќе вакцини на Унијата.

– Очекувавме испораки во стотици милиони, а не добиваме ниту четвртина, рече Сандра Галина, главниот преговарач на Комисијата за вакцини.