• 20.04.2021 17:20

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Бајден се поблиску до Белата Куќа!! Води и во Пенсилванија, каде губеше со пола милион гласови.

ByHristijan Risteski

Nov 6, 2020

Демократскиот кандидат Џо Бајден стабилно и полека му се приближуваше на републиканскиот кадидат Доналд Трамп, по што ја превзеде предноста и во Пенсилванија каде што губеше со повеке од пола милион гласови.

Конкретно во Џорџија и Пенсилванија, Бајден води. Иако е тесен резултатот таму , државниот секретар на Џорџија рече дека очекува пребројување на гласовите се до петок.

Бајден моментално има 264 електори, додека Трамп има 214 електори.

На Бајден му треба само една победа во која било од државите за да стигне до 270 електорати и тоа во Невада, Пенсилванија, Северна Каролина и Џорџија- додека Трамп треба да ги добие сите овие четири држави плус Алјаска , што се очекува да ја добие, но е рано да се каже поради пријавен недостаток на гласови.

“Ние продолжуваме да се чувствуваме многу добро за тоа како стојат работите. Не се сомневаме дека кога ќе заврши пребројувањето, сенаторот Харис и јас ќе бидеме прогласени за победници”, рече Џо Бајден во кратките изјави во четвртокот. “Затоа, ги замолувам сите да останат смирени, сите луѓе да бидат смирени. Процесот течи. Броењето е завршено, а ние резултатите ќе ги знаеме многу наскоро”.

Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, во петокот, исто така, предвиде победа за Бајден и покрај фактот дека трката сè уште не е завршена: „Утрово е јасно дека тимот Бајден-Харис ќе ја добие Белата куќа“.

Во меѓувреме, Трамп ги обвини демократите дека се обидоа да ги „украдат“ изборите во забелешките што ги даде од Белата куќа.