• 16.05.2021 18:25

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Бајден ќе ги повлече американските трупи од Авганистан до 11 септември

Претседателот Џо Бајден одлучил да ги повлече американските трупи од Авганистан најдоцна до 11 септември 2021 година, 20 години откако нападите на Ал Каеда ја предизвикаа најдолгата војна на Америка.

Сепак, повлекувањето би се засновало на одредени гаранции за безбедност и човекови права, велат изворите, говорејќи под услов на анонимност пред официјализирање на одлуката.

Изворите не дадоа други детали.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин се очекува во среда да ја презентираат одлуката пред сојузниците на НАТО во Брисел. Бајден исто така може јавно да ја објави својата одлука, велат изворите. Одлуката на Бајден, доколку биде потврдена, ќе го нема да го испочитува претходно дадениот краен рок – 1 мај, ден кој беше претходно најавен како ден за повлекување, договорен со талибанските бунтовници од администрацијата на неговиот претходник Доналд Трамп.

Во изјавата минатиот месец, талибанците се заканија дека ќе продолжат со борбите против странските трупи. Рокот од 1 мај започна сè помалку и помалку да се споменува во последните неколку недели, со оглед на недостатокот на подготовки на теренот за да се осигури дека тоа може да се направи на безбеден и одговорен начин. Американски официјални лица, исто така, ги обвинија талибанците за непочитување на обврските за намалување на насилството а некои дури и предупредуваат за постојани врски на Талибанците со Ал Каеда.