• 21.04.2021 09:01

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Бесконечната сириска војна создаде бесконечни бегалци

Граѓанската војна во Сирија наскоро ќе наполни десет години. Борбите достигнаа незгоден ќор-сокак, но Сирија останува поделена. Режимот на Асад ја врати контролата над повеќето територии, но Курдите поддржани од САД го контролираат североисточниот дел, Турција контролира голем дел од северниот пограничен регион, а северозападната провинција Идлиб останува спорен простор со голема концентрација на Ал Каида.

Меѓународно поддржаните преговори за постигнување политичко решение преку процесот на Обединетите нации во Женева и руско-иранско-турската постапка во Астана се веќе во развиена фаза. Во дипломатските кругови се шпекулира дека е тешко да се постигне договор со кој ќе бидат задоволни сите засегнати страни. Со други зборови, најверојатно нема да има склучен формален договор за ставање крај на војната во Сирија. Исходот – без договор ја елиминира можноста поголемиот дел од 5,6 милиони сириски бегалци кои се во соседните земји некогаш да се вратат да живеат во Сирија,и покрај одржаната мировната конференција во Дамаск, на која Башар ал-Асад ги охрабри бегалците да се вратат. Бесконечната сириска војна создаде бесконечни бегалци. БЛискиот Исток станува регион со трајна бројка на раселени лица, чекајќи решенија што не доаѓаат. Без формален мировен договор кој ќе се заложи за безбедноста на повратниците и ќе создаде основа за инвестиции во демолираната инфраструктура во Сирија, сиријците нема никогаш да се вратат во своите домови.

Сиријците во странство исто така стравуваат да се вратат поради извештаите за повратници кои биле уапсени, затворени и измачувани. Ќе биде многу тешко да се населат многу области без заеднички напор за обнова, што нема да се случи сè додека меѓународните инвеститори сметаат дека нерешената војна претставува премногу ризик, особено ако останат на сила санкциите на САД. Над половина од предвоената популација во Сирија од 23 милиони е раселена, со 6,2 милиони раселени внатрешно, а 5,5 милиони бегалци на друго место на Блискиот Исток и милион во Европа. Само 250.000 Сиријци кои ја напуштија земјата се вратија во Сирија. Големиот број сириски бегалци ја сменија демографијата на Блискиот исток. До една третина од луѓето во Либан се сириски бегалци. Над четири милиони од нив живеат во Турција. И 10 до 20 проценти од населението во Јордан сега е Сиријско. Останува да видиме како ќе продолжи дас е развива оваа ситуација, но едно е сигурно, а тоа е дека проблемот со бегалците е еден комплексен проблем кој долго ќе се решава.