• 03.08.2021 20:00

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Битката на Ножот – Најкрвавата битка по Илинденското востание

Bysrs-editor

Jul 14, 2021

Една од најнерамноправните и најкрвавите битки во историјата на Македонија по Илинденското востание се одиграла на денешен ден пред 114 години во Прилепско.

На 14 јули 1907 година кај селото Ракле, на планинскиот врв Ножот, група од 45 костурски востаници, одбивајќи ја наредбата за повлекување и под мошне тешки услови, прифатиле борба со многубројната турска војска, командувана од мајорот Енвер беј.

Јунаците од Ножот биле однапред решени на саможртвување. Сите 45-мина загинале со херојска смрт. Повеќето паднале при нерамноправната битка, а неколкумина од нив се самоубиле. Откако стивнале пукотниците турскиот мајор Енвер-беј наредил со аскерски плотун да им се оддаде почит за јунаштвото на македонските комити, со кои до пред тоа војувале.

Има повеќе прикази, и историски и уметнички, за овој чин од нашата историја. Подоцна приказната за настанот во кој јунаците се бореле до последниот куршум, како и фотографии, се пренеле во повеќе делови од светот.