• 31.07.2021 15:37

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Биткоинот достига рекордна вредност од 28.917 долари

BySarissa Editor

Jan 1, 2021

Криптовалутата биткоин денеска достигна рекордна вредност од 28.917 долари. Трговците со криптовалути продолжија да ја зголемуваат вредноста на биткоинот, со што таа зголеми за повеќе од двојно во претходните три месеци, пренесуваат светските медиуми.

Вредноста на биткоинот во 2020 година скокна за 300 проценти, а само во претходниот месец неговата вредност се зголеми за 50 проценти.

Биткоинот пред десет години беше покренат од страна на анонимен криптограф, кој под името Сатоши Накамото ги објави начелата на автономните дигитални пари. Неговите или нејзините идеи беа револуционерни: нема контрола од централните банки, нема национални граници. Наместо тоа, механизмот под име блокчејн ќе обезбеди доверба и сигурност на системот.

Грубо кажано, блокчејнот е јавно достапна картотека на трансакции кои се снимаат една по друга. Ако некој се обиде да го наруши овој синџир, тоа веднаш ќе биде видливо.

Биткоините се генерираат, односно „копаат“, со помош на сложени компјутерски математички процеси. Количината на биткоините е ограничена и колку повеќе оние што копаат се приближуваат до лимитот, толку посложена е постапката.

Прогласот на Сатоши е објавен преку е-листа во ноември 2008. Два месеца подоцна беше создаден софтвер.

Вложувањата почнаа со колапсот на инвестициската банка „Леман Брадрс“. Биткоинот од нигде никаде се појави како алтернатива.

Се верува дека Сатоши Накамото поседува милион биткоини, што е околу 6,3 милијарди долари – богатство кое остана недопрено. Мистеријата околу неговиот идентитет е голема загатка која многумина се обидуваат да ја решат. Сатоши само виртуелно комуницираше со колегите од светот на биткоинот пред целосно да се повлече во изолација.

Беше потребно некое време за биткоинот да добие замав. На почетокот беше само играчница за компјутерските експерти.

Во последниве години блокчејн-технологијата и криптовалутите направија разлика во многу делови од економијата и финансиите. Се претпоставува дека допрва ќе ги гледаме промените во многу индустрии и дека ова е само почетокот.