• 30.07.2021 13:58

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Борбата против корупцијата клучна за водењето чесен бизнис

ByHristijan Risteski

Jan 22, 2021

Денеска се одржа онлајн конференцијата „Бизнис без корупција“, која е завршен настан во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис сектор“.

„Компаниите чувствуваат дека корупцијата им пречи во водењето бизнис, особено на оние кои навистина сакаат да се пласираат на пазарот со квалитет и продуктивност, а не преку коруптивни делувања. Сепак, чувствуваат дека индивидуално немаат моќ да ги променат работите. Потребна е заедничка борба и залагање на сите засегнати страни за да се изгради општество со нула толеранција за корупција.“ – Ова е една од забелешките добиени по спроведувањето на тригодишниот проект за спречување и борба против корупцијата во бизнис секторот, финансиран од Европската унија, а спроведен од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со „Конект“ и здружението на даночни советници.

На конференцијата учествуваа повеќе од 200 претставници од приватниот сектор, релевантни институции, меѓу кои и заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, како и претставници на Делегацијата на ЕУ, стопански комори и граѓански организации.

На конференцијата учествуваа и гости од Швајцарија, Бугарија и Босна и Херцеговина.

Учесниците говореа за системите за интегритет што ги применуваат за да се штитат од корупцијата и од нејзините неповолни влијанија.