Според Агенцијата за вработување бројот на невработени лица се зголемил за 52.023 лица во периодот јануари-декември 2020 година, покажуваат најновите податоци. Во Јануари од минатата година во земјава имало 104.409 невработени, додека на крајот од 2020 година оваа бројка се зголемила на 156.432 лица.
Во поднесениот извештај од страна на Агенцијата за вработување, периодот за време на Covid 19 кризата односно од 11.03.2020 година до крајот на 2020 година евидентирани биле 17.026 невработени лица на кои им престанал, односно биле одјавени од задолжително социјално осигурување.
