• 16.05.2021 19:23

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Бугарија: Борисов ја достави оставката пред Националното Собрание

Bysrs-editor

Apr 15, 2021

Бугарскиот премиер Бојко Борисов утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министри, пренесуваат бугарските медиуми.

„Писмото на премиерот Борисов, со кое тој поднесе оставка од кабинетот, денес беше доставено до претседателот на Националното собрание преку канцелариите на двете институции“, објави владината прес-служба.

Како што се додава, во согласност со Уставот, Владата предводена од премиерот Борисов ќе продолжи да ги извршува своите функции до изборот на нов Совет на министри и ќе постигне континуитет во управувањето.

Третиот кабинет на Борисов стапи на должност на 4 мај 2017 година. Тоа бшее прв мандат што лидерот на ГЕРБ го заврши како премиер, откако тој беше принуден да поднесе оставка во претходните два пред нивното истекување.