• 28.07.2021 10:23

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

„Бугарска врска“ во шпионскиот скандал меѓу Русија и Чешка

Bysrs-editor

Apr 20, 2021

Бугарските медиуми јавуваат дека се појавила „бугарска врска“ во шпионскиот скандал меѓу Чешка и Русија во кој Прага протера 18 руски шпиони за шпионажа. Тоа е поврзано со обид за труење на бугарскиот дилер на оружје Емилијан Гебрев, за кого се верува дека бил двапати цел на напад во 2015 година со нервен агенс од страна на руските воени разузнавачи. Според министерот за внатрешни работи на Чешка, Јан Хамачек, чешкото контраразузнавање ја проверува во Чешка верзијата дека   активираната муниција пред повеќе од 4 години требало да експлодира подоцна кога и била доставена на Бугарија.

Чешкиот министер, како што јавија бугарските медиуми, изјавил дека Чешка и Бугарија во моментов соработуваат во истрагата за експлозиите. Чешката полиција и контраразузнавањето на земјата објавија потрага по две лица и ги дистрибуираа нивните фотографии, кои покажуваат дека станува збор за руски агенти Анатолиј Чепига и Александар Мишкин, кои се обиделе да отрујат во Салсбери во 2018 година Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија со „Новичок“. Бугарското обвинителство започна повторно да работи на случајот со двата обида за труење на бизнисменот Емилијан Гебрев.