• 25.06.2021 09:00

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Бугарски универзитет доби дозвола да работи во Македонија

Bysrs-editor

May 20, 2021

Владата ја усвои Одлуката за одобрение за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа – Великотрновски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Република Македонија.

Ректоратот на УКИМ два дена не реагира, ректорот Јанкуловски воопшто не се јавува, а и Правниот факултет „Јустинијан Први“ молчи, без да објасни дали Владата со својата постапка го крши Законот за авторски права и индустриска сопственост, дозволувајќи (странски) универзитет со исто име паралелно да работи на наша територија.

Правни експерти во областа на авторското право и индустриската сопственост реагираа на одлуката на Владата да дозволи регистрација на универзитет со исто име. Адвокатот Валентин Пепељугоски смета дека бугарскиот истоимен универзитет требало да го смени името за настава во Македонија и тогаш не би имало проблем да го добие одобрението.

Пепељугоски набројува членови од три закони кои Владата ги крши со одлуката: Законот за авторски права и индустриска сопственост, Законот за установите и членови од Законот за трговски друштва.