• 21.04.2021 09:21

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Вардар со победа од 2-0 против Академија Пандев

ByHristijan Risteski

Nov 28, 2020

Актуелниот македонски првак Вардар врза две победи во Првата лига после денешната победа со 2-0 против Академија Пандев за да се израмни бодовно со Борец и Струга Трим Лум при врвот на табелата.

Матеј Цветановски со прекрасна соло-акција и Филио Петковски го решија мечот, а голманот Филип Илиќ одбрани пенал за црвено-црните да се израдуваат на триумф во мечот на кој играа без главните креативци Дарко Мицевски и Бојан Најденов. После слабото прво полувреме, вардарци и пандевци одиграа возбудливо второ полувреме, во кое Цветановски брзо погоди за водство (53 минута) , а Илиќ спаси израмнување по шутот од пенал на Ѓорѓи Стоилов.

Вардар можеше и побрзо да ја заврши работата, но Попзлатанов и Стојчевски промашија два зицери, па Филип Петковски на шест минути пред крајот на мечот ја запечати победата во мечот на кој гостите остана со десетмина остако екс-вардарецот Бојан Димовски беше исклучен на 20 минути пред крајот.

Црвено-црните со победата и покрај големата криза со беспарицата стигна до 19 бода, додека Академија Пандев остана на 10 после 13 кола. Останатите мечеви од ова коло се играат утре.