• 11.04.2021 09:57

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Веселинов: Историјата е сведок на времето и есенцијална нишка на државноста

BySarissa Editor

Jan 23, 2021

На денешниот Конзервативен караван организиран во Битола од страна на Институтот Сариса, говореше м-р Никола Веселинов, кој посочи дека историјата како сведок на времето и учител на животот е есенцијална нишка на државноста.

Дел од ставовите на Никола Веселинов:

Историјата може да не инспирира да создадете настан што ќе го промени нашиот иден семеен живот или нашето општество.Таа исто така може да не инспирира да станете подобра личност и да го пронајдете вистински повик во животот.Историјата им помогна на многу луѓе да ги откријат своите таленти и да развиваат нови вештини.Историјата е многу неопходна за нас.На крајот, еден ден сите ќе бидеме туѓа приказна, да не заборавиме на минатото и да создадеме среќна иднина.

Историјата е сведок на времето, светлината на вистината, животот на меморијата, учителот на животот, ризница на нашите дела, пример и лекција за сегашноста, предупредување за иднината.Taa е факти што се случиле во едно или друго време. Учесниците во овие реални настани се луѓе, односно творец на историјата е човекот.Секоја личност е креатор на историјата.Предмет на историјата како наука е потребата за познавање на историската реалност.Потребата да се знае минатото, е да не се повторат грешките.

„ Знаењето на минатото не е целосно без познавањето на сегашноста, како што не постои разбирање на сегашноста без знаење за поранешните врсмиња; едното на другото му пружа рака, едно без друго не може да потрае ниту да биде целосно”Леополд фон Ранке

Историјата е потреба зашто создава самопочитување и го зацврснува идентитетот. Таа му е потребна на секој народ да ce хомогенизира и да остави впечаток на другите. Скоро сите енгитети, групи, народи-нации, држави ce повикуваат на настаните, личностите и процесите во минатото за да си го докажат легитимитетот, идентитетот, правото на постоење, за да ce идентификуваат како различитост меѓу другите народи, да си ги задржат сопствените традиции, битот, културата на живеење. Човекот кој го изгубил сеќавањето не знае кој е. Недостасува оној низ на искуства, илјада познати нешта кои нè прават она што сме, да имаме идентитет.Општеството кое ништо не знае за своето минато, страда од колективно губење на помнењето.Таквото општество не знае ништо е, ни од каде доаѓа, ни каде оди. Да знаеш нешто за минатото значи да ce согледаш себе си во одреден контекст, да сфатиш дека човекот не е атом кој слободно лебди, туку дека него го создавале и оформувале околностите од времето пред тој да биде роден. Колку попрецизно и појасно ги утврдиме фактите за тие околности (настани, процеси, делување на големи личности) толку појасно можеме да ce согледаме денес како нешто трајно во духовна смисла, како препознатливост која постои, како мост на пренесување на пораки од вчера за утре.

Со историјата сме опкружени на секој чекор, ja носиме во сопствениот човечки код, ja пренесуваме на нашите потомци.

Историјата е еден од главните столбови кои го држат народот, тааги бележи сите победи и порази, подеми и падови.Се пренесува од човек на човек од семејство на семејство од генерација на генерација,духот на оние познати и уште повеќе непознати ликови што се вградуваат во колективна меморија.

Историјата е таа што го збогатува националниот дух и патриотизам, она штое најважно ја одржува државноста.