• 04.08.2021 11:20

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

(ВИДЕО) Во Бугарија уапсена шпионска група која работела за Русија

Bysrs-editor

Mar 19, 2021

Бугарија соопшти дека привела и обвинила шест лица осомничени за давање класифицирани информации на Русија. Портпаролката на канцеларијата на јавниот обвинител, Сиика Милева, денеска изјави дека осомничените се дел од шпионска група предводена од „поранешен висок член на воено-разузнавачката служба на Министерството за одбрана“.

Лидерот на шпионската група регрутирал бугарски службеници кои имале пристап до класифицирани информации за Бугарија, НАТО и ЕУ, рече Милева. Таа додаде дека сопругата на лидерот на групата имала двојно руско-бугарско државјанство и „играла улога на посредник“ меѓу поранешен офицер и вработен во руската амбасада. Таа рече дека ова е „прв пат во нашата понова историја“ да се открие ваков шпионски прстен.

По прес-конференцијата на Обвинителството, од Руската амбасада во Софија се огласија на Фејсбук:

„Во услови на комплицирање на меѓународната ситуација, очигледни се ‘постојаните’ обиди да се вметне клин во руско-бугарскиот дијалог. Според изјавите на денешниот брифинг на Обвинителството на Република Бугарија, истрагата за лицата приведени на 18 март годинава, обвинети за шпионажа во корист на странска држава, сè уште не е завршена. Очекуваме, дека до судската одлука за овој случај, ќе запрат шпекулациите за наводна вмешаност на Русија во разузнавачки активности против интересите на Бугарија. Претпоставуваме дека судската истрага ќе се спроведе на деполитизирана, непристрасна и објективна основа во строга согласност со нормите на бугарското и меѓународното право“,

Од октомври 2019 година, земјата-членка на ЕУ и НАТО протера пет руски дипломати и вработени во руската амбасада обвинети за вршење на разузнавачка работа. Последниот случај „е од особено значење за безбедноста на Бугарија, ЕУ, НАТО и САД“, според главниот обвинител Иван Гешев.

Министерството за одбрана соопшти дека меѓу приведените лица се и двајца припадници на бугарските вооружени сили. Воениот обвинител Елин Алексов изјави дека шпионската група била активна подолго време, собирајќи технолошки и воени тајни.

Истражителите рекоа дека полицијата извршила случајни проверки на автомобили кои го напуштале главниот град на автопатот Тракија, за да спречат да избега еден од осомничените. Човекот наводно на крајот бил уапсен во близина на Руската амбасада, рече Милева.

Акцијата за приведување на осомничените започнала на 18 март на повеќе локации во Софија. Повеќе детали може да се погледнат во видеото: