• 03.08.2021 19:50

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

(Видео) Дали во Армијата на Република Македонија има хомосексуалци?

BySarissa Editor

Feb 13, 2021

Интригантна тема одекна во јавноста по одлуката во САД да се дозволи траснџендер лица да бидат дел од Армијата на САД. На тема дали во Армијата на Република Македонија има хомосексуалци, професорот и декан на Факултетот за детективи и криминалистика, Александар Нацев, кој често говори во јавноста на тема безбедност и состојбата во Армијата кај нас, во интервју за „Лидер радио“ проговори во однос на прашањето дали во нашата македонската Армија има лица кои се хомосексулци. Професорот Нацев вели дека кај нас ова прашање никогаш не било третирано, и никогаш не сме го поставиле ова прашање како би го третирале внатре во Армијата.

Најдалеку отиде во тој домен Армијата на САД, каде важи правилото „Don’t ask, don’t tell“ или „Не прашувај, не кажувај“, каде ова прашање долго време се пикаше под тепих, и не се третираше како такво, а сега со новата администрација се дозволува и трансџендер лица да служат во Армијата, како и жените да носат шминка и долги коси – вели Нацев.

Тој истакна дека кај нашето општество е поконзервативно и овие прашања никогаш не биле отворени, и вели дека тој иако се залага за конзервативни вредности и традиционални семјества, сепак по Уставот секој има индивидуално право и слобода, и дека никој не може да се меша во сексуалната определба на поединците.

Видеото погледнете го на следниов линк:

https://www.facebook.com/radiolider107.4/videos/523033552005515