• 22.04.2021 00:30

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

(ВИДЕО) НАТО објави видео со припадници на Баталјонот за специјални намени на АРМ „Волци“

BySarissa Editor

Mar 4, 2021

Македонските специјални сили „Волци“ во Германија извежбуваат операции со американски „зелени беретки“ и колеги од други НАТО-земји, како подготовка за учество во Компонентата за специјални сили на НАТО силите за одговор.

АТО објави видео со припадници на Баталјонот за специјални намени на АРМ „Волци“, снимени на вежбата „Combined Resolve XV“ што од почетокот на февруари до петок се одржува на воените полигони Графенвоер и Хохенфелс во Германија. Фотографиите и видеото од настанот ги објави агенцијата „Мета“.

– Ние сме припадници на Баталјонот на специјални сили, доаѓаме од Македонија и тука сме веќе неколку пати, во неколку ротации на вежбата „Combined Resolve XV“. Вредноста на оваа вежба е во интегрирањето и интероперативноста со другите членки на НАТО. Горди сме што сме членка на НАТО, вели македонскиот офицер на Специјалните сили „Волци“, Баталјонот за специјални намени на АРМ.

Имињата и ликовите на офицерите се прикриени од безбедносни причини“, наведува НАТО во синопсисот за видеото, во кое зборува и офицер на Специјалните сили на Армијата на САД.

– Придобивката од извежбување и интегрирање на сили за специјални операции од повеќе земји во ваква вежба е тоа што составува сценарио во кое можеме да извежбуваме колективна одбрана. Доколку некогаш мораме да споиме заедно различни сојузнички сили, нема да биде првпат како минуваме низ сите системи и процеси кои би морале да ги примениме за да спроведеме операции во мултинационална средина. Ова е извонредна можност не само да ги поврземе межународните сили со американски партнери (единици, н.з.), туку и да ги поврземе меѓусебе, како и со партнерските земји, и да видиме како решаваат проблеми и работат заедно, вели офицер на американските Специјални сили, „зелени беретки“.

Силите за специјални операции од НАТО-сојузниците Македонија и Романија вежбаа интегрирање со конвенционални сили за време на вежбата „Combined Resolve XV“, предводена од САД, која се одржува во Германија од 1 февруари до 5 март.

Операторите од Баталјонот за специјални намени, наречен „Волци“, работеа со нивните сојузнички колеги од 51.Баталјон за специјални операции на романската армија и специјалните сили на САД во поддршка на конвенционалните единици од различни сојузнички и партнерски нации.

На средината на февруари „волците“ и нивните романски колеги ги посетил и заменик командантот на Европската команда на Армијата на САД за специјални операции, американскиот полковник Марк ЛаРош, кој ја истакнал важноста на интероперативноста – способноста на единици од различни земји да дејствуваат заедно.

„Волците“ на вежбата се дел од Наменската група за специјални операции, задолжена за поддршка на операциите на полска механизирана бригада и на американска бригада на борбената авијација.

Вежбата здружува елементи за специјални операции кои се подготвуваат да служат како дел од Командата на компонента за специјалн и операции, предводена од Италија, која же биде дел во идна ротација на НАТО силите за одговор ( NRF – NATO Response Force). Вежбата е важен чекор кон сертифицирање за мисијата на НРФ

Околу 4.700 војници од 10 сојузнички и партнерски земји учествуваат во вежбата „Combined Resolve XV“ на воените полигони Графенвоер и Хохенфелс во Германија. Вежбата е предводена од Армијата на САД, а, покрај македонските, учествуваат и трупи од Босна и Херцеговина, Грузија, Италија, Косово, Литванија, Полска, Романија и Словенија.

За да се заштитат од зараза со ковид-19, сите земји-учеснички ги тестираа своите војници пред и по распоредувањето и ги ставија во карантин пред почетокот на вежбата. Физичкото растојание се одржуваше секогаш кога условите дозволуваа.