• 31.07.2021 15:38

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

(Видео) Нацев: Секогаш ќе бидам на страна на припадниците на АРМ и ќе реагирам кога им се нанесува неправда

BySarissa Editor

Dec 24, 2020

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска не се појави на денешното рочиште во Основниот граѓански суд Скопје каде требаше да се соочи со професорот Александар Нацев, поради клевета објавена на официјалната Фејсбук страница на министерството. На рочиштето се појави само нејзиниот правен застапник, истакна Нацев по завршувањето на рочиштето.

-Тужбата против министерството за одбрана и министерката за одрбана се однесува за нејзините клевети и навреди на моја сметка кои зачудувачки, беа објавени на официјалниот профил на Фејсбук на Министерството за одбрана. Крајно недолично за една држава членка на НАТО, изјави Нацев.

Тој истакна дека изминатите неколку години Министерството за одбрана го тресат голем број скандали. Скандалот за кој што тој пишувал, а потоа го потврдиле повеќе медиуми објавувајќи документи за случајот, кој е поврзан со македонски војници во Авганистан чии безбедносни сертификати истекле во периодот на нивниот престој на мисијата.

Нацев истакна дека како бивш офицер, секогаш ќе биде на страната на војниците на АРМ и дека секогаш кога им се нанесува неправда ќе реагира.

Погледнете ја неговата изјава во целост, на следниот линк:

https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=476029033363047