• 04.08.2021 10:52

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ВИДЕО: Професорот Александар Нацев еден од предложените кандидати за градоначалник на Пробиштип

BySarissa Editor

Feb 5, 2021

Универзитетскиот професор, Александар Нацев во своето утринско гостување на „Радио Лидер“ откри ексклузивна информација дека тој ќе биде потенцијален кандидат за градоначалник на општина Пробиштип.

Тој пред се призна дека локалните избори кои следуваат ќе бидат тешки.

– ВМРО-ДПМНЕ треба внимателно да ги гради своите позиции пред локалните избори, вели Нацев.

Тој вели дека по лична карта е од Пробиштип и изнесе ексклузивна информација дека ќе биде кандидат за градоначалник на следните локални избори од неговата партија.

– Јас сум еден од предложените кандидати за Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како моја матична партија. Сега следат анкети и испитување на јавното мислење, за неколку месеци ќе знаеме дали ќе бидам тој што ќе ја води битката за Пробиштип и за добивање градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вели Нацев за Радио Лидер.

Во продолжение може да го видите и видеото кога тој ја соопшти оваа информација.

https://www.facebook.com/watch/?v=484845756009234