• 25.06.2021 08:58

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

(ВИДЕО) Спречен терористички напад на Исламска држава во Унгарија

Bysrs-editor

Jun 3, 2021

Унгарската противтерористичка единица уапсила маж осомничен дека планирал да постави експлозивна направа во Пушкаш арената во Будимпешта.

Шефот на антитерористичката единица, Јанош Хајду изјави дека осомничениот го следеле повеќе од еден месец, за време на кој со истомисленици, на интернет, разговарал за нападот и набавката на експлозив. Тој наведе дека во тек е истрага за тоа на кој начин овој унгарски државјанин бил радикализиран, дал заклетва на Исламска држава и го планирал нападот.

Унгарските медиуми наведуваат дека уапсениот планира да го активира експлозивот за време на некој натпревар во Пушкаш арената со капацитет од 70.000 гледачи. Имал и план со возило да влета во толпа минувачи.