• 30.07.2021 14:23

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Винстон Черчил – конзервативниот британски лав

Винстон Черчил е роден на 30 ноември 1874 година во домот на предците на неговото семејство, палатата Бленхајм во Оксфордшир. Како директни потомци на војводите од Марлборо, неговото семејство било меѓу највисоките нивоа на британската аристократија.

Тој беше премиер на Велика Британија од 1940 до 1945 година за време на Втората светска војна, и повторно од 1951 до 1955 година. Освен две години помеѓу 1922 и 1924 година, Черчил беше член на парламентот (пратеник) од 1900 до 1964 година и претставуваше вкупно од пет изборни единици. Идеолошки економски либерал и империјалист, тој во поголемиот дел од својата кариера беше член на Конзервативната партија и како лидер од 1940 до 1955 година. Тој беше член на Либералната партија од 1904 до 1924 година.

Во февруари 1901 година, Черчил го зазеде своето место во Долниот дом, каде што неговиот говор доби широко и распространето известување во печатот. Како млад тој беше член на групата конзервативци познати како Хуглигани (фузија од хулигани и Хуг нивниот лидер).

По изборите во 1918 година тој беше вратен како пратеник на Данди и иако конзервативците освоија мнозинство, Лојд Џорџ беше задржан како премиер. Во јануари 1919 година, Лојд Џорџ го преести Черчил во Воената канцеларија и како државен секретар за војна и како државен секретар за воздухопловство.

Во текот на 30-тите години на минатиот век, Черчил го презеде водството во повикот на британското вооружување за да се спротивстави на зголемената закана за милитаризамот во нацистичка Германија. На почетокот на Втората светска војна тој бил повторно назначен за прв лорд на адмиралството.

Во мај 1940 година, тој стана премиер, заменувајќи го Невил Чембрлен. Черчил го надгледуваше вклучувањето на Британците во воените напори на Сојузниците против силите на Оската, што резултираше со победа во 1945 година. По поразот на конзервативците на општите избори во 1945 година, тој стана лидер на опозицијата. Во услови на развој на Студената војна со Советскиот Сојуз, тој јавно предупреди на „железната завеса“ на советското влијание во Европа и го промовираше европското единство.

Черчил продолжи да ја води Конзервативната партија и шест години беше лидер на опозицијата. Во 1946 година, тој беше во Америка скоро три месеци од почетокот на јануари до крајот на март. Токму на ова патување тој го одржа својот говор “железната завеса“ за СССР и неговото создавање на Источниот блок. Говорејќи на 5 март 1946 година во друштво на претседателот Труман на колеџот Вестминстер во Фултон, Мисури, Черчил изјави:

Од Шчечин на Балтикот до Трст на Јадранот, железна завеса се спушти низ целиот континент. Зад таа линија лежат сите престолнини на античките држави од Централна и Источна Европа. Варшава, Берлин, Прага, Виена, Будимпешта, Белград, Букурешт и Софија, сите овие познати градови и населението околу нив лежат во она што морам да го наречам советска сфера.

Желбата на Черчил беше многу поблиска соработка помеѓу Велика Британија и Америка. Во рамките на истиот говор, тој повика на „посебна врска помеѓу Британскиот Комонвелт и и Соединетите Држави“ , но тој ја истакна потребата за соработка во рамките на Повелбата на Обединетите нации.

На изборите во 1951 година тој повторно беше избран за премиер. Неговиот втор мандат беше преокупиран со надворешните работи, особено со англо-американските односи и покрај постојаната деколонизација и зачувување на Британската империја. Неговата влада го потенцираше градењето на куќи и развојот на нуклеарно оружје. Во опаѓање на здравјето, Черчил поднесе оставка на функцијата премиер во 1955 година, иако остана пратеник до 1964 година, до неговата смрт.

Винстон Черчил ќе остане запаметен како еден од најголемите лидери во помодерната историја, но и еден од најпознатите конзервативци во Европа и светот.“Човек кој на млади години не бил радикален, тогаш тој нема срце, но тој кој што во своето полнолетство не станал конзервативен, тогаш тој нема мозок” – Винстон Черчил.