• 20.04.2021 18:35

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ – ВОЛОНТЕРИ АНАЛИТИЧАРИ

BySarissa Editor

Nov 26, 2020

Институтот за конзервативни политика „Сариса“ објавува оглас за аналитичари волонтери. Кандидатите треба да поднесат научно истражени колумни од 500 до 700 зборови на неделно, двонеделно или месечно ниво.

Темите за истражување се: конзервативна политичка мисла, конзервативна филозофија, конзервативна економија и енергетика. На аналитичарите им е дозволено да пишуваат за кое било прашање / предмет од горенаведените теми и текстот да биде напишан на македонски и англиски јазик.

Одбраните текстови, со слика и име и презиме на аналитичарите, ќе бидат официјално објавени на веб-страната, Facebook страната на Институтот Сариса и порталот Sarissa News.

Заинтересираните кандидати ги молиме да се обратат на info@sarissa.mk

За аплицирање:

Ве молиме испратете копија од вашата биографија или CV и еден примерок за пишување (не подолг од 1500 зборови) на info@sarissa.mk до 20 декември 2020 година.