• 03.08.2021 19:51

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Вооружен воен дрон ќе биде воведен во арсеналот на Велика Британија

ByHristijan Risteski

Nov 5, 2020

Освен што ќе биде вооружен, овој дрон со помош на вештачка интелигенција ќе ги открива целите и ќе може да лета во затворени простори.

Дронот е дизајниран и ќе се употребува за урбана борба и за операции во густо населени подрачја, а на војската ќе ѝ овозможува увид во тоа што ги чека на целната дестинација.

Леталото првин ќе влегува во згради, ќе ги идентификува можните мети и ќе испраќа фотографии од тоа што ќе го сними камерата.Исто така, новиот дрон ќе може да соборува индруги летала од небото.