• 31.07.2021 15:42

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Војските на Индија и Кина повторно размениле оган во пограничната област Сиким

BySarissa Editor

Jan 25, 2021

Мал вооружен конфликт повторно избил на контроверзната граница помеѓу војските на Индија и Кина.

„Добивме неколку прашања во врска со пресметката на индиската армија и ПЛА во секторот Сиким. Разјаснето е дека имало мала размена на оган кај местото Наку Ла во Северен Сиким на 20 јануари во кој учествувале локални конаданти постапувајќи според веќе воспоставен протокол“, информираше денеска Индиската армија.

Армијата апелираше до медиумите да престанат да фрлаат масло на оганот зголемувајќи ја тензијата со преувеличување на фактите. Индиските медиуми објавија дека имало масовна пресметка по која непознат број на војници биле повредени. Наводно Кинезите го предизвикале инцидентот навлегувајќи на индиска територија. Сето ова го дематираше Индиската армија.

Индија и Кина се наоѓаат во тензична атмосфера поради нерешениот граничен спор во источниот дел на Хималаите. Обично пограничните војски на двете држави не носат оружје, но и покрај тоа минатиот јуни дојде до масовна пресметка во која војниците се тепаа со голи раце, стапови и камења по што најмалку 20 индиски војници загинаа, додека Кина никогаш не воопшто каков е билансот на нејзина страна, но американските разузнавачки служби тврдат дека загинале 43 кинески војници.

Додека Пекинг и Њу Делхи се обвинуваат едни со други за смртоносната пресметка, во меѓувреме започнаа и преговори за мировно решение кои досега воопшто не вродија плод. Индија и Кина се две нуклеарни сили, најголеми држави на светот според бројот на население, а поседуваат и огромен број на војска, па евентулана војна помеѓу нив две би била катастрофална по планетата.