• 21.04.2021 09:15

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Во Центарот за обука во Идризово промовирани 569 нови полициски службеници

Bysrs-editor

Mar 27, 2021

Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска 569 кандидати од генерацијата 2019-2020 година, кои минаа ригорозни конкурсни селекции и ја завршија едногодишната обука беа промовирани во нови полициски службенци.

Оваа генерација може да се пофали со зајакнување на родовата рамноправност, односно што 100-тина од новите полициски службеници се жени, чија улога е извонредно важна во полициското работење.

На најдобрите Блашко Тодоров, Никола Станоев, Павел Арсовски, Ќирче Атанасов, Роберт Коруновски, Сара Максимовска, Александар Николовски, Николче Житошански, Влатко Владевски, Кристијан Јосифовски, Јована Атанасовска, Ангела Митевска и Симеон Ристевски им беа доделени плакати.

Признанија им беа доделени и на 16 кандидати кои го завршиле основниот степен во изучување на францускиот јазсп/ик, во организација на Амбасадата на Франција во нашата земја.