• 30.07.2021 14:03

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Во 2019та, во Македонија под прагот на сиромаштија живееле 448 илјади граѓани

BySarissa Editor

Dec 14, 2020

Стапката на сиромашни граѓани во земјава во 2019 година изнесувала 21, 6 проценти што е за 0,3 проценти пониска во однос на 2018 година, покажуваат најновите статистички податоци.

Според овие податоци, во 2019 година имало околу 448 илјади лица кои живеат под прагот на сиромаштијата што е помалку во споредба со 2018 година кога имало 455 илјади сиромашни лица. Гледано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две деца минатата година била 19,3 проценти. Стапката на сиромашни вработени лица е 8,5 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,7  проценти.

Во 2019 година во земјава имало 15.376 малолетни и вкупно 50.159 поолнолетни корисници на социјална заштита. Во истиот период регистрирани се и 22.481 домаќинства, корисници на социјална парична помош, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имале услугите на социјална работа кои изнесуваа 49,7 отсто, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имаа услугите за социјална заштита кои изнесуваа 84,1 процент

Според ДЗС, во 2019 година, 22.481 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош. Со Законот за социјална заштита, од 2019 година се воведе гарантирана минимална помош. Во 2019 година, бројот на корисници на гарантирана минимална помош изнесуваше 22.126.