• 03.08.2021 16:43

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Во 2020 година дипломирале 12,3 отсто помалку отколку во 2019

Bysrs-editor

Jul 5, 2021

На високите стручни школи и на факултетите во земјава во 2020 година додипломски студии завршиле 12,3 проценти помалку студенти во однос на предминатата 2019 година.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, од вкупниот број дипломирани, 81,9 проценти се редовни, а 18,1 проценти се вонредни студенти.

Процентот на дипломирани студентки е 59,5. Од вкупниот број, 37 отсто дипломирале во рокот, додека 63 отсто дипломирале по рокот.