Лидерите на групата водечки светски економии, Г-20, денеска ќе одржат годишен самит, што се очекува да биде посветен на решавање на економските последици од пандемијата на коронавирус.
Домаќин на дводневниот самит е Саудиска Арабија, актуелен претседател на блокот. Поради ограничувања на патувањата и здравствените мерки за претпазливост во Ријад, официјалните лица нема лично да се соберат на првиот самит на Г-20 на арапско тло.
Ова е првпат Саудиска Арабија да претседава со претседателство на групата која обединува 19 земји и Европската унија.
Земјите од групата Г-20 сочинуваат две третини од светската популација, 85 проценти од светското економско производство и 75 проценти од светската трговија.