• 16.05.2021 19:19

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Годишнина од форирањето на Единицата за брза интервенција „Лавови“

Bysrs-editor

Apr 23, 2021

Единицата за брза интервенција „Лавови“ е поранешна полициска единица во составот на Министерството за внатрешни работи.

Единицата се формираше во еден од најтешките периоди на Република Македонија кога беа доведени во прашање безбедноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на државата. Поради сложената безбедносна состојба се донесе одлука за формирање на Единицата од постоечкиот кадар и потенцијал на Министерството за внатрешни работи, од Армијата, од резервниот состав и од доброволците кои се пријавија.

Сите припадници на Единицата за брзи интервенции – ЛАВОВИ покажаа голем патриотизам и храброст и заслужуваат да бидат запишани во историјата како херои кои се бореле и загинале за одбраната на Република Македонија.