• 21.04.2021 00:21

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Годишнина од формирањето на Единицата за Специјални Намени „Волци“

BySarissa Editor

Mar 1, 2021

На 1-ви Март 1994 година за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единица за Специјални Намени (6.Одред) под името „Волци“. Во 1998 година поставена е првата тимска формација на единицата и преименување на единицата во Единица за специјални намени. Во 2001 година единицата стана дел од ЕБПТ, а по формирање на КСЕ, единицата влезе во нејзиниот состав како Одред. Во 2003 година единицата е преструктуирана во баталјон за Специјални Намени (бСН).

Формирањето на оваа единица, го одбележа процесот на професионализација на АРМ. Уште од формирањето на баталјонот за специјални намени па до денес, кандидатите за прием во оваа единица подлегнуваат на специфични критериуми на селекција, со кои се бара висок степен на психофизичка подготвеност, без оглед дали станува збор за старешини или за професионални војници.

Баталјонот за Специјални Намени учествуваше со свој персонал во неколку мировни мисии во Ирак, Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина. За учество во наведените мисии припадниците на контингентите беа наградени со голем број на пофалници, медали и други стимулативни мерки и одликувања.

Задачи кои ги врши оваа единица се :

  1. Планирање, организирање, опремување и обучување за изведување на специјални операции со цел уништување или онеспособување на непријателски цели и објекти;
  2. Одржување на способност за организирање, обучување, советување и пружање на помош за стабилизација и за поддршка на мирот во состав и/или предводени од меѓународно договорени сојузи надвор од Републиката;
  3. Планирање, организирање, опремување и обучување за изведување на операции за поддршка на државните институции во услови на елементарни непогоди.

Во 2005 година со указ на Претседателот на Република Македонија баталјонот за Специјални Намени е одликуван со „ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ“ – прв доделен орден во Република Македонија.