• 20.04.2021 17:18

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Горивата поскапуваат на полноќ

ByHristijan Risteski

Feb 8, 2021

Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот поскапуваат за 1 и за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар залитар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 денари и ќе изнесува 32,884 денари за килограм.

Новата цена на еуросупер БС – 95 е 62,5 денари, на еуросупер БС -98 е 64,5 денари, на дизелот е 53 денари, а на маслото за горење е 42 денари за литар.