• 21.04.2021 18:48

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Грција склучи 20 годишен договор за одбрана со Израел

BySarissa Editor

Jan 6, 2021

Министерството за одбрана на Израел денес соопшти дека грчката Влада го одобрила договорот за набавка на авиони од Израел, за изведувачи и формирање на школа за летање за грчките воздухопловни сили во вредност од 1,68 милијарди американски долари.

Договорот, кој ќе биде потпишан од двете Министерства за одбрана, вклучува купопродажба на 10 авиони Aermacchi M-346, ќе им овозможи на Елбит системс да формираат и да управуваат со грчката школа за обука на воздухопловни сили и да ги надградува и одржува грчките авиони за обука Т-6.

Ова е “најголем договор за јавна набавка меѓу двете земји досега” изјавуваат од израелското Министерство за одбрана.