• 21.04.2021 09:11

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Гугл ќе уплати 25 милиони долари во Фондот на ЕУ против лажните вести

Гугл ќе уплати 25 милиони долари во новоформираниот Европски фонд за медиуми и информации за борба против лажните вести.

Гугл ова го објави во контекст на критиките дека технолошките гиганти не прават доволно за да ги откријат дезинформациите на Интернет.

Како што пренесуваат странските медиуми, пандемијата на Ковид-19 и минатогодишните избори во САД предизвикаа зголемување на дезинформациите, а некои ги критикуваат социјалните медиуми дека не се поактивни во решавањето на проблемот. Регулаторите најавија дека можат да воведат строги ограничувања.

„Доживувајќи ја неизвесноста и предизвиците во изминатата година, се покажа дека е поважно од кога и да е луѓето да имаат пристап до точни информации и да можат да разликуваат факти од фикција“, изјави претставникот на Гугл, Мет Бритин, во објава на блог.

Фондот ќе работи пет години. Европската опсерваторија за дигитални медиуми, проект на Европската комисија формиран минатата година, кој вклучува експерти за верификација на информации и универзитетски истражувачи, ќе оценува и избира проекти.