• 21.04.2021 09:05

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ГOЛЕМ ЧЕКОР ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ: PayPal им овозможи плаќање на милиони корисници

ByHristijan Risteski

Mar 31, 2021

Американската компанија за плаќање преку Интернет PayPal објави дека  на американските потрошувачи им овозможува да плаќаат со крипто-валути на милиони нивни интернет-трговци ширум светот, што може значително да ја зголеми употребата на дигитални средства во секојдневната трговија.

Клиентите кои имаат криптовалути во дигитални парички на PayPal, сега ќе можат да ги претворат во таканаречени „фиат валути“ на фискалните каси за да извршат набавки, соопшти компанијата.

Услугата ќе им биде достапна на 29 милиони трговци во следните месеци, соопшти компанијата.

„Ова е прв пат да можете лесно да користите криптовалути на ист начин како кредитна картичка или дебитна картичка во вашиот паричник PayPal“, изјави претседателот и извршниот директор на PayPal, Ден Шулман, за Ројтерс.

Новата услуга овозможи PayPal да стане една од водечките финансиски компании што ја отворија својата мрежа за крипто-валути.

Биткоинот е скоро двојно зголемен во вредноста од почетокот на оваа година, поттикнат од зголемениот интерес на поголемите финансиски компании кои се обложуваат на проширување на влијанието и употребата на крипто-валути и сметаат дека тоа е заштита од инфлација.

Лансирањето на PayPal доаѓа помалку од една недела откако Тесла објави дека ќе започне со продажба на своите возила и за биткоини. За разлика од трансакциите на PayPal каде што трговците ќе добиваат „фиат валута“, Тесла изјави дека ќе ги задржи биткоините добиени со продажба на автомобили.

Како и да е, бидејќи новиот вид валута станува сè попопуларен меѓу големите инвеститори, таа допрва треба да стане распространета форма на плаќање, делумно поради нејзината постојана нестабилност.

PayPal се надева дека нејзините услуги ќе го променат тоа и дека крипто-валутата од имотот што сега претежно служи за купување, чување или продажба, ќе стане извор на финансирање за реални трансакции со милиони трговци.