• 25.06.2021 15:03

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Давид Барне е нов шеф на разузнавачката служба Мосад

Bysrs-editor

May 24, 2021

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека Давид Барне, 56-годишен агент со 25 годишно искуство во безбедносниот сектор, е назначен за нов шеф на разузнавачката служба Мосад. Тој имал значајни оперативни улоги и беше шеф на одделот што управува со агентите на Мосад ширум светот, објавија израелските медиуми.

Главната задача на новиот началник на Мосад ќе биде „да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје“, рече Нетанјаху на годишното доделување на наградите за агентите на Мосад.