• 16.05.2021 18:37

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Дали Германија може да биде следната земја што ќе ја напушти ЕУ?

Bysrs-editor

Apr 11, 2021

Успешниот рефеrендум за Брегзит и напуштањето на Велика Британија на Европската Унија, отвори многу слични прашања во неколку земји членки. Во многу земји како Полска, Унгарија, Италија се отвори ова прашање, а сега и во Германија.

Во Италија ова прашање го отворија приврзаниците на Матео Салвини и неговата Лига која води на анкетите. Пандемијата на европското тло на самиот почеток најмногу ја погоди Италија, а Европската Унија не реагираше соодветно и не помогна наверемено. Тоа ги засили барањата за референдум за напуштање на унијата кој може да се случи ако Салвини победи на следните избори.

Во Германија иако помалку е веројатен таков референдум, ова прашање го отвори опозициската АФД која во овој момент е најголема парламентарна опозициска партија, но на анкетите е далеку на четвртото место.

Најголемата опозициска партија, десничарската Алтернатива за Германија (АФД), сака Германија да ја напушти ЕУ, но лидерот на партијата не го поддржува ваквиот пристап.

На партиското собрание во Дрезден, со јасно мнозинство беше усвоено барањето на членство за промена на изборната програма на партијата за претстојните парламентарни избори во Германија и вклучување на заложба за напуштање на ЕУ.

Во долга дебата, шефот на АФД, Јерг Мојтен, кој е член на Европскиот парламент, исто така се изјасни против залагањето за повлекување на Германија од ЕУ.

Наместо тоа, Мојтен се залагаше за создавање сојуз во рамките на ЕУ со други партии. Тој предупреди дека АФД нема да успее ако побара повлекување од ЕУ и посочи дека би било попаметно да соработува со други партии.

Во прифатеното барање се вели:

– Сметаме дека е потребно Германија да се повлече од ЕУ и да воспостави нова европска економска заедница и заедница од интерес – Во оригиналната програма, повлекувањето од ЕУ беше споменато само како опција, доколку концептот АФД не е прифатлив за Унијата.

Овој предлог засега има малку шанси да помине во Бундестагот, имајќи предвид дека анкетите предвидуваа новата влада да ја формираат ЦДУ/ЦСУ заедно со Зелените и со тоа би имале огромно проевропско мнозинство.