• 11.04.2021 10:24

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Дали започнува сценариото за федерализација на Македонија?

Bysrs-editor

Apr 2, 2021

Протестниот марш како израз на незадоволство од судските пресуди во „Монструм“ пред зградата на Владата се претвори во политички говори дека Македонија не може да остане како унитарна држава, туку дека треба да биде федерација. Пред Владата беше поставена мала говорница од каде се упатуваа пораки. 

Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените во процесот Монструм рече дека со денешниот протест бараат европска правда, незадоволни од правдата каква што е во Македонија која, како што рече, се виде дека е со двојни стандарди низ случаите Алфа, Бродец, Монструм и други кои завршија со осудителни пресуди за Албанци.

„Протестираме затоа што Монструм е политички случај, затоа што не се осудени вистинските виновници за убиството на младите лица кај Смилковското езеро. Бараме правна рамка, правдa за сите граѓани и ќе ги известиме меѓународните фактори за политички монтираните процеси против Албанците. Бараме да се формира независна комисија која ќе ги испита судските случаи за кои сметаме дека се монтирани“, рече тој.

Друг говорник од малата импровизирана говорница пред Владата рече дека и натаму Албанците се обесправени во Македонија и дека партиите на Албанците прават големи грешки кога поддржуваат дискриминаторски одлуки на Владата и Собранието. Тој рече дека Македонија не може да биде унитарна држава, туку федерација.

Трет говорник изрази незадоволство што и натаму се понижува ОНА, а нејзините борци се нарекуваат терористи, додека македонските борци се именуваат како бранители. Ова не е држава на рамноправни граѓани, рече тој.

Еден од говорниците на „браќата Албанци“ им порача дека треба да се спротивстават на пресудите носени врз база на шпионски и болшевички методи. Не сакаме насилство, сакаме мир, но и правдата за нас Албанците да биде еднаква со другите граѓани, рече тој и нагласи дека меѓународниот фактор треба да ја знае вистината за состојбите во земјава.

Потоа, на барање на новинарите, Бедри Ајдари се обиде да даде изјава на македонски, но од останатите присутни тоа беше пречекано со негодување и со директно обраќање до него да зборува само на албански јазик. 

Накусо, беа прочитани точки од меморандум кој, како што беше речено, ќе биде оставен во Владата, како и до западноевропските амбасади и на САД, во кој се наведени причините зошто сметаат дека нема правда за Албанците.

Протестот беше мирен, а Ајдари, како и лицата задолжени за одржување на редот, потоа ги повикаа присутните мирно да се вратат во своите домови.