• 15.04.2021 08:47

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Дали на следните избори во Македонија ќе се гласа со отпечаток од прст?

BySarissa Editor

Feb 19, 2021

Постапката за набавка на хардвер, софтвер, терминали, обука и други неопходни подготовки за воведување на новиот начин на гласање – се уште не може да почне. МВР, кое единствено располага со базата на отисоци од прст, нема законско овластување  да и даде вакви податоци на ДИК, која потоа би ги внела во електронските изводи на Избирачкиот список. Без правно решение, велат од ДИК, не може да  почне тендерската процедура. Неопходни се измени на Изборниот законик на барем два члена, што треба Министерството за правда да ги предложи до Собранието. Ова беше констатирано на средбата меѓу министерот Оливер Спасовски и членовите на ДИК. „Спасовски ја потенцирал потребата од формирање заедничка работна група, која ќе ги реши сите дилеми, но и нужноста од генерална стратегија за сајбер безбедност“, се вели во соопштението од МВР.

Од Владата апелираат ДИК што поскоро да почне со набавката на потребната опрема и уверуваат дека проверката на гласачите преку фингерпринт ќе внесе дополнителна доверба во изборниот процес.

Премиерот Зоран Заев денеска упати апел до Државната изборна комисија брзо да отпочне постапката за набавка на апарати за идентификација на отпечаток од прст, со цел навреме да бидат обезбедени овие апарати кои станаа законска обврска и за претстојните локални избори.

– Ќе направиме се да набавиме тоа што зависи од нас. Министерот за финасии реагираше конкретно – пари во буџетот има, ако фалат – имаме ребаланс. Секако за тоа да се направи дадовме писмено одобрение од страна на Финасии за да може претседателот на ДИК и целата ДИК да влезат во постапка на набавка на апаратите за отпечаток од прстот, рече Заев.

Тој верува дека ќе се стигне тоа да се сторат до локалните избори, бидејќи, како што рече, има уште околу осум месеци, а со современите европски технологии очекува тоа брзо да се направи.

Заев додаде дека доколку изборите се спроведат на овој начин тоа може да ја зголеми довербата во гласачкиот процес, што е многу важно.

-Апелирам до ДИК, сите владини служби стоиме на располагање, да инсистираме брзо да се направи набавката, посочи Заев.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ исто така инсистира да се почитува законот и гласањето со отисок од прст да се примени веќе на локалните избори на есен.

За набавката се потребни најмногу 2 милиони евра велат од партијата, а опција е и да се изнајмат за да се заштедат пари. Поддршка според ВМРО-ДПМНЕ дава и коалицијата Алијанса и Алтернатива.

Дека ова е обврска предвидена со закон опозицијата ја брифирала и меѓународната заедница. Известен бил и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Сведоци сме за тоа дека имаше поткуп на изборите, на референдумот се гласаше на 2-3 секунди. Затоа ние бараме да се испочитува законската обврска и да се набават отчитувачите на отисоци.
Ако не сакаат да ги набават значи подготвуваат фалсификат.“ – изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во вестите на Сител.

You are therefore advised against buying Cialis if you are taking nitrates if you have a history of heart problems such as a recent heart attack, angina or severe heart failure. can i buy viagra over the counter in malaysia Sexual activity does represent a certain risk for men suffering from heart problems, so it is strongly recommended that you consult a doctor before taking this medication.