• 16.05.2021 20:04

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Дали Русија оди во војна со Украина?

ByJane Jancheski

Apr 13, 2021

Ѕвечкање со сабји или подготовки за војна? Од средината на март, има многу предупредувања од украинските и западните власти дека Русија акумулира воени трупи во Крим и околу зоната на конфликтот во источна Украина. За сега намерите на Русија се далеку од јасни. Повеќе извори пријавија големи руски воени движења кон источната украинска граница и кон Крим, кои руските сили ги анектираа од Украина во март 2014 година. Многу од овие извештаи се појавија на Твитер, од разузнавачките информации за ракетите со краток дострел „Искандер“.

Кремлин не даде детали за вклучените единици. Портпаролот на претседателот Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави дека преместувањето војници преку руска територија е „внатрешна работа“ што не треба да засега никого. Некои од трупите, вклучително и единиците на Крим, биле на вежби. Но, г-дин Песков ја обвини и Украина за организирање „провокации“.

Извори од украинските разузнавачки служби за Би-Би-Си изјавија дека дополнителните сили изнесуваат 16 тактички баталјони, околу 14.000 војници. Вкупно, според украинското претседателство, Русија сега има околу 40 000 војници на источната граница и околу 40 000 во Крим.

Дали е ова инвазивна сила? Може да биде, но аналитичарите велат дека голема инвазија е малку веројатна. Инфилтрацијата е испробана и доверлива метода на Русија. Руските специјалци без обележја – со прекар „мали зелени“ – го презедоа Крим во 2014 година.

Руско-украински аналитичари, вклучувајќи ги Павел Фелгенгауер и Џејмс Шер, забележуваат неколку фактори што ги влошуваат тензиите. Во февруари, украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции против Виктор Медведчук, моќен украински олигарх и пријател на претседателот Путин. Украина исто така забрани преноси од три проруски ТВ станици. Мировниот договор од Минск, договорен во 2015 година, останува далеку од исполнет. На пример, сè уште нема аранжмани за независно следени избори во сепаратистичките региони. Во претходните конфликти во, како што го нарекува, „близу странство“, Русија испрати трупи како „мировници“, кои потоа останувааа таму. Тоа се случи во Молдавија и Јужна Осетија, на пример и може добро да се повтори во Украина.

Одредени аналитичари шпекулираат дека Путин исто така сака да го тестира новиот американски претседател Џо Бајден, кој зазеде построг став кон Русија отколку неговиот претходник Доналд Трамп.