• 16.05.2021 19:57

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Даниел Митов најверојатно ќе биде номиниран за нов бугарски премиер од партијата ГЕРБ, тврдат бугарски медиуми

Bysrs-editor

Apr 14, 2021

ГЕРБ ќе го предложи Даниел Митов за нов премиер, потврдиле партиски извори за софиски „24 часа“. Претходно премиерот Бојко Борисов изјави дека тој нема да биде повторно кандидат за премиер и оти ќе предложат човек со јасна проевропска и про-НАТО-вска ориентација.

Токму Митов, кој во Министерството за надворешни работи влезе како човек на Реформаторскиот блок, како министер поддржуваше таква ориентација.

Даниел Митов во  2014 година беше предложен од тогашниот претседател Росен Плевнелиев за министер за надворешни работи во техничката влада на Георги Близнашки. Својата позиција како заменик-министер ја задржа и во вториот кабинет на Борисов, а притоа му се приклучи на ГЕРБ и стана пратеник од неговите редови на последните парламентарни избори.