• 25.06.2021 07:47

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

„Да налутите конзервативец излажете го, но да налутите либерал само кажете му ја вистината”

BySarissa Editor

Nov 20, 2020

На првиот дел од Конзервативниот караван кој се одржа во Штип, свое обраќање имаше Сашо Петковски кој што е дел од Одделот за истражувања и анализи на Институтот за конзервативни политики – Сариса, во своето говорење Петковски меѓу основите на конзервативизмот истакна дека појавата на оваа филозофија датира од времето на Француската револуција и како таква бројни се нејзините предности во модерното општество наспроти „квази-либералните“ вредности.

Дел од поентите од обраќањето на Сашо Петковски:

– Како и секоја доктрина така и конзервативизмот има свои столбови на кои се потпира. Основни столбови се слободата, семејството, духовноста и традицијата. Па по тоа за да создадеме еден силен човек, тој прво мора да биде слободен. Да има слободна мисла и слободно да се изразува. Тој кој е угнетен на било каков начин дали во однос на изразување или пак психички, тој човек е слаб и не е способен свесно да допринесува на луѓето околу него како и кон целото општество.

Покрај слободата човекот мора да има верба. Вербата се демонстрира преку религија. Секоја религија учи на морал на љубов и како да допринесеме за општеството. Радикалните структури не се духовно просветлени и тие не треба да се земаат како примери туку како еден отпадок на слаби луѓе кои се лесно манипулирани. Без разлика која религија практицираме се додека се држиме на основните и правилни принципи на истата тогаш ќе бидеме духовно просветлени и како такви ќе имаме посилен карактер кој ќе не направи посилни особи.

Семејството како институција е многу битен фактор кој допринесува за здрав човек. Семејството е институција која стои зад нас како заштитник и додека сме на овој свет не заштитува, поддржува и ни дава енергија која не одржува силни во нашето секојдневие.

Последниот столб е традицијата. Традицијата е еден процес кои сами го креираме како би не одржал на вистинскиот пат и не би дозволил да примиме  негативни особини. Како што рекол Фредерик Даглас “Границите на тиранот се зацртани од издржливоста на тие кои се опресирани од него”. Практицирајќи ја традицијата, ние знаеме кои сме и знаеме каде одиме и како такви сме многу послилни од луѓе кои немаат чуство на припадност. Луѓето без припадност се вечни талкачи кои барајќи си го местото лесно потпаѓаат кон манипулација и контрола.

Следејќи ги овие принципи на духовност, слобода, здраво семејство и негување традиција, човекот е силен.  Тогаш човекот е здрав, способен и полн со љубов, бидејќи знае што има, знае каде припаѓа, и знае да прави разлика помеѓу добро и лошо.

Денес живееме во модерно општество каде имаме изобилие на информации и лесно можеме да се едуцираме. Денес луѓето имаат можност да еволуираат во многу посовршена верзија. Така со текот на времето конзервативците утврдиле дека традицијата не се зачувува со омраза и страв од новото туку со взаемна почит и негување на традицијата и распознавање на доброто и лошото. Секој радикализам е непросперитетен за општеството ќе го цитирам и  Двајт Ајзенхауер кој рекол – “Екстремностите кои доаѓаат од лево, од десно или од било кој политички правец, тие секогаш ќе бидат погрешни”. Модерниот конзервативец повеќе не е радикална доктрина каде суди се што е различно околу него и што е уште позначајно не се обидува да се наметне како единствен начин на функција во општеството како што тоа денес го прават модерните левичари. Доколку ние се грижиме за самите себе учејки ги нашите деца на вистински вредности, тогаш никој не може да ни наметне вредности кои го разјадуваат нашето општество.

Петковски смета дека конзервативизмот треба да се имплементира преку едукација, па тој треба прецизно да се објасни на младите генерации како би спречиле приод кон радикални структури кои се токсични за модерното општество.

Ќе дополни дека конзервативизмот има далеку поголеми придобивки во однос на „квази левичарењето“, затоа што вистинскиот конзервативец секогаш ја почитува слободата на говорот, ги презентира своите вредности и остава народот сам да одлучи кон кого да се наклони, додека однесувањето на левичарите може да оди во спротивна крајност. Потребата за насилност доаѓа кога човекот е свесен дека тоа што го пропагира е лага и има грижа на совест кога ќе му се каже вистината и тогаш тој за да се оправда себе си станува лут.

Па од таму доаѓа и она изрека на Теодор Рузвелт “Да налутите конзервативец излажете го, но да налутите либерал само кажете му ја вистината” – истакна Петковски.