• 30.07.2021 15:45

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Двајца британски државјани фатени во кругот на Министерството за одбрана

Bysrs-editor

Mar 20, 2021

Двајца британски државјани синоќа биле забележани во кругот на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ на улица „Орце Николов“ во Скопје.

Според информациите на МВР, тие биле приведени во Полициска станица Центар и било утврдено дека се работи за Ј.С.Х.(28) и O.J.Х.(33), двајцата државјани на Англија.

Во разговор со полициски службеници изјавиле дека се обиделе да го скратат патот до хотелот каде биле сместени и не знаеле дека влегле во објект во кој не смеат да се движат.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.