• 28.07.2021 11:43

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Делегацијата на Вооружените сили на Романија денес престојуваше во Генералштабот и МО

Bysrs-editor

Apr 20, 2021

​Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал-потполковник Даниел Петреску, во рамки на еднодневната официјална посета на Македонија, денес престојуваше во Генералштабот на Амијата и МО.

По церемонијата за пречек со високи воени почести, согласно протоколите за Ковид-19, генералот Петреску имаше прием кај својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На средбата со генералот Ѓурчиновски е разговарано за досегашната билатерална соработка помеѓу двете сојузнички НАТО армии и можностите за понатамошно унапредување на истата, особено во областите на заеднички интерес од доменот на обука и вежби и военото образование.

За време на официјалниот состанок, делегацијата од ВС на Романија беше запознаена со процесот на трансформација и модернизација на Армијата на Македонија и досегашниот придонес и учество на припадници од Армијата на Македонија во меѓународните вежби и мисии предводени од НАТО.

Воедно стана збор и за капацитетите на армискиот полигон „Криволак“ каде ќе се изведува претстојната вежба „Одлучен удар 21“, како дел од големата вежба на НАТО “Defender Europe 21” чии активности се изведуваат во 16 земји на Европа, меѓу кои и во Романија.

НГШ на ВС на Романија, за време на посетата, оствари средба со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, a ќе посети и дел од единиците на Армијата стационирани во касарната „Илинден“, при што ќе присуствува на изведба на показна вежба од страна на Баталјонот за специјални сили, а ќе го посети и Центарот за обука за пилоти каде ќе му бидат претставени капацитетите и можностите на овој современ центар за обука на пилоти на хеликопери.

Досегашната соработка на Армијата на Македонија со ВС на Романија, која започнува од 1998 година, се развива преку експертски средби, заедничко учество на вежбовни активности и обука, соработка во военото образование и учество во регионални иницијативи и форуми.

Македонија и Романија се членки на Иницијативата за соработка на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа – СЕДМ, на Форумот – „Конференција на началниците на ГШ на балканските земји за воена соработка“ – Б9 и во центарот за безбедносна соработка „RACVIAC“.