• 21.04.2021 09:26

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Делегација на Центарот за безбедносни истражувања положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

BySarissa Editor

Feb 4, 2021

Денеска, 4 февруари, се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, најзначајната личност за формирањето и дефинирањето на современиот македонски идентитет, македонската држава и сѐ што претставува национална посебност, дури и во денешниот свет со изразени глобалистички тенденции на релативизирање на националноста.

По тој повод, делегација на Центарот за безбедносни истражувања, предводена од Советникот за надворешни односи и соработка, г-дин Мартин Стојановски, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.

Со овој чин, ЦБИ им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер, за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.